Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието: Со ова се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева  несигурност и паника меѓу граѓаните.

Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност.

ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.

Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи.

Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.

Ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа Резолуција со која се става крај на лагите и конструкциите на СДС.

Можете да прочитате

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари

Филипче: Протестите за возачките дозволи не се начин, власта треба да понуди решенија за сите граѓани