Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со кампањата „Македонско најдобро“ ќе се поттикнува домашното производство

Makedonskonajdobro.jpg

Кампањата „Македонско најдобро – наша традиција, наша гордост“ ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ги имаме сите предуслови за да имаме домашни, квалитетни земјоделски производи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија посочуваат дека во изминатата година покажале вистинска грижа за земјоделците, а реформите и проектите суштински ги решаваат најесенцијалните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјоделците.


„Кампањата ќе биде препознатлива по специфично лого кое преку сонцето и почвата не потсетува дека ги имаме сите предуслови за да имаме домашни, квалитетни земјоделски производи. Примарна цел е да се зголеми и зајакне домашното земјоделско производство, да се обезбеди просперитет на руралните средини, да се подигне свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки од истите, како и да се обезбеди полесен пристап на нашите сограѓани до домашните земјоделски производи. Споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот бележиме раст над 50 проценти. Во апсолутна бројка тоа е околу 57 милиони евра што е сериозен раст. Растот на извозот на земјоделски производи покажува дека македонското земјоделство се движи во вистинска насока а проектите даваат резултати“, се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин

Активни пожари во Желино, Сарај, Василево, Македонски Брод, Прилеп и Велес

Пожари на повеќе места: Огнените јазици опасно блиску до автопатот Скопје-Тетово (ВИДЕО)