Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ се збогува со Филип: Секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен

Filip e1763665693477 1024x593.avif.avif.avif

Тешко е да се најдат вистинските зборови кога заминува млад човек кој со своето тивко присуство, скромност и посветена работа оставил силен печат врз луѓето околу себе. ВМРО-ДПМНЕ денес се простува од својот сопартиец и пријател Филип – човек кој, како што велат од таму, бил пример за добрина, чесност и искрена посветеност.

Во комеморативната објава велат дека Филип ќе остане запаметен по својата искреност, по насмевката што секогаш ја носел и по силата што знаел да ја даде на другите, дури и тогаш кога самиот бил уморен.

Филип, ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател. Нека е вечна светлината во која замина, а споменот на тебе и твојот лик засекогаш ќе биде со нас“, стои во пораката на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Хоџа-Зомер: Швајцарија силен и долгорочен партнер во заштитата на животната средина

Нови 2.062 случаја на грип, сезонава три лица починати со грип

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“