Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да го води градот, таа е обичен пиун во рацете на Ковачевски

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Арсовска и Тачела коалицијата прво народот го нарекоа багра, а сега измислува непостоечки работи и разговори кои не се случиле. Отворено се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да го води градот и институциите под нејзина ингеренција. Данела Арсовска очигледно има потреба од поинаква помош. Зборува за работи и ситуации кои никогаш не се случиле во реалноста, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека се сериозно загрижени за градоначалничката и ја повикуваат да достави документ со кој ќе се потврди деловната способност.

Освен со Ковачевски, и Стевчо Јакимовски, нема човек со кој не се скара. Нејзиното однесување е неурамнотежено, и станува кралица на лагата, велат од партијата.

Не само што не се огради од изјавата на заменик градоначалникот Александар Трајановски, дека превозниците што протестираат се багра, со што ја прифати како своја. Туку вчера отиде и чекор понатаму и очигледно раскажуваше ситуации кои само таа може да ги види и никогаш не се случиле, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека Арсовска зборува за некој имагинарен свет во реалноста градот го однесе во банкрот. Нема пари за превозниците, доцнат плати, претпријатијата се во долгови. Таа е обичиен пиун за криминалните интереси на Ковачевски. А додека градот тоне во банкрот Арсовска и луѓе околу неа се богатат.

Не знаеме дали Арсовска глуми лудило, или не но таа повеќе за градоначалник не е. Оставка веднаш, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт