Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се ситни коалицијата на Ковачевски и Ахмети, партии кои цел мандат ги поддржуваат сега си заминуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ

Се ситни коалицијата на Ковачевски и Ахмети, партии кои цел мандат ги поддржуваат сега си заминуваат.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски и Ахмети знаат дека тонат, затоа се обидуваат и по секоја цена да го продолжат мандатот за некој месец повеќе, и Ковачевски и Ахмети знаат дека народот нема да ги гласа нити сега, ниту за 10 месеци од сега, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Дека Ковачевски тоне, јасен показател е зажинувањето на Демократски сојуз од владата, кои 6 години го поддржуваа СДС, но и заминувањето на Алтернатива, кои овозможија Ковачевски воопшто да може да стане премиер.

Ковачевски нема политика, и затоа никој не сака да биде во коалиција со него, тој го темели своето делување на криминал и тендери, и затоа и се согласува со ДУИ и Ахмети.

Ковачевски е минато, неговото време на политичката сцена е одбројано, може само да продолжи некој месец, но потоа знае дека народот ќе го помножи со нула“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Внук крвнички ја претепал баба си во Битола

Марихуана пронајдена во облека на осуденик во „Идризово“

Охриѓанец пијан и со одземена возачка предизвикал сообраќајка