Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се повеќе партии го напуштаат бродот што тоне, поддршката на Ковачевски за владата се намалува

ВМРО-ДПМНЕ: Се повеќе партии го напуштаат бродот што тоне, поддршката на Ковачевски за владата се намалува

Ковачевски прави крпена Пазар 3 коалиција за уште 10 месеци да продолжи со криминал, додека ја лепи коалицијата се повеќе партии го напуштаат бродот што тоне, поддршката на Ковачевски за владата се намалува. Коалицијата на Ковачевски се ситни, бродот што тоне прв го напушти Алтернатива, сега и Демократски сојуз, кој е следен? Секој ден нова партија ја напушта владината коалиција крпена по принцип на Пазар 3, купување со криминал, корупција и притисоци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека предлог министрите на Ковачевски од Алијанса се лица кои се доведуваат во поврзаност со криминал и радикализам. Ковачевски прави влада крпена Пазар 3 коалиција, со луѓе вмешани во скандали, и тоа ги одвраќа сите други од таквата коалиција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски избегнува да одговори дали неговиот предлог министер за правда, Кренар Лога, е брат на Крешник Лога, осомничен за убиството на Дилавер Бојку – Леку? Дали братот на кандидатот за министер за правда всушност имал проблеми со правдата?

Како што велат од партијата, следен на листата предлог министри е Тирон Јајага, предлог заменик министер за одбрана, кој работел во Брисел, а откако учествувал на протест за Илирида, е вратен во Македонија, по што од власта на СДС е помилуван, а сега чека и функција.

Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство.

„Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во министерството за образование. Каде што патем ќе биде во целосно владение на ДУИ.

Владата на Ковачевски е Пазар 3 крпена коалиција за 10 месеци, за криминал, тендери и богатење на поединци на сметка на народот. Времето проаѓа, а одговорност за се ќе има, со секој поминат ден Ковачевски се повеќе губи поддршка и ќе изгуби катастрофално на следните избори, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија