Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ до пред 6 месеци беа власт, тие не доведоа до крах на системот

Vmro.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Новото раководство на СДС, изгледа не се сеќава дека до пред шест месеци беа на власт. Но, затоа ајде да ги потсетиме!


Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, не доведе до крах на системот и пораст на криминалот и корупцијата.

Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, не направи ништо за да се зголемат платите во образование, здравство, администрација и останатите.

Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, правеа матни тендери во четири очи, го испокрадоа Буџетот, за малку ќе прогласевме и банкрот како држава.

Седум години власт на криминалниот тандем СДС и ДУИ, инфлацијата беше двоцифрена, а платите не се мрдаа, ниту пак цените во маркетите се намалуваа.

Да ги потсетиме, новите деца на Заев и неговиот потрчко Филипче, дека ова време заврши.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се бори против криминалот и корупцијата, ги покачува платите во образованието, здравството, администрацијата, се зголемува растот на БДП, имаме над 720 милиони евра инвестиции, цените за живот се намалуваат, а инфлацијата е помала од 3%.

Оваа 2025 година, ќе биде полна инвестиции, нови автопати, градинки, болници, училишта, зголемени пензии и плати. ВМРО-ДПМНЕ кога нешто ветува, тоа и го реализира.

Можете да прочитате

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Завршен настан за проектот за бесплатен безжичен интернет, поддржан од ЕУ и Германија