Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик

Sud.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Правосудниот систем во Македонија е во заробеништво на моќниците од СДС и ДУИ. Наместо да го гони и суди огромниот криминал и корупција, овој правосуден систем се стави во заштита на криминалот на моќниците и неговите газди од СДС и ДУИ.


И секако ваквата заштита на криминалците и нивните политички газди не била бесплатна. Судиите и обвинителите кои во своја закрила ги ставиле политичките криминалци од СДС и ДУИ, кои направиле милионски грабеж на Македонија, со сигурност дебело профитирале.

Тоа може да се види од имотите кои што ги имаат во посед македонските судии и обвинители, почнувајќи од луксузни куќи,  автомобили, станови и тоа по неколку на број, земјишта, како градежни, така и земјоделски, деловни имоти.

Ова се имоти кои може да се стекнат само со црни пари земени од нивните газди во СДС и ДУИ за да ги заштитат од кривичен прогон за нивните сторени криминали, а никако со чиновничка плата.

Дел од судии под диригентска палка на СДС и ДУИ се Добрила Кацарска и Илија Трпков, кои во сојузништво со обвинителите партиски послушници и извршители, Љупчо Коцевски и Вилма Рускоска нанесоа голема штета на граѓаните и државата, а тие дебело профитираа.

Како награда за послушноста и понизноста кон СДС, Кацарска беше наградена за уставен судија, а Рускоска иако со големи пропусти и прекршувања во своето работење беше оставена на раат до пензионирање на ја извршува функцијата.

Овие две послушнички и извршителки на СДС и Зоран Заев, исто така беа наградени и за предметот 27 април кои согласно партиските соопштенија предметот го обликуваа во обвинителен акт и истиот го пресудиле со драконски затворски казни од на 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа.

Во истиот предмет е вклучен и Илија Трпков, партиски послушник на СДС кој над шест години водеше бескраен судски процес во кој си играше со судбините на луѓето без соодветни докази.

Љупчо Коцевски, пак, сето ова немо го посматраше и го одобруваше. Иако на очиглед на целата јавност се правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, тој не најде за сходно, барем по допрен глас, да отвори постапка за сите овие случаи и ликови.

Токму од тука произлегува и потребата овие ликови, како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска да бидат отстранете од правосудниот систем да бидат и да се испита целокупната нивна работа, која е користа и бенефитот што го имаа од овие политички процеси.

Освен ова, треба да се испита и потеклото на нивниот имот и капитал, како и на другите дежурни судии и обвинители кои се на телефонски повик на штабовите на СДС и ДУИ чие богатство енормно се зголемило.

Оттука, јасно е зошто СДС и ДУИ жолчно се противат на реформите во правосудството, затоа што ќе останат без нивните заштитници кои наместо да делат правда, станаа око на криминалот и закрилници на СДС и ДУИ.

Но, одговорност мора да има и Македонија мора и ќе стане правна држава. Доаѓа крајот на лицата во правосудството кои работат под политички диктат за свои лукративни цели.

Можете да прочитате

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март