Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев, овој пат за луксузната јахта вредна 850 илјади евра

Vmro.jpeg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Како и многу пати до сега, СДС пак избра да молчи кога станува за скандали во кои е фатен неговиот претседател, Венко Филипче.


Како многу пати до сега и овој пат во скандалот се вклучени и Филипче и поранешниот претседател на СДС, Зоран Заев.

После златните визи, инвестициите во 50-катницата, приватната забава во луксузен хотел во Дубаи на кои на уво им пее Харис Џиновиќ, сега Филипче и Заев задно уживаат и крстарат на луксузна јахта по Егејското море.

Неколку дена ги прашуваме СДС и Филипче да дадат коментар за овој скандал, да кажат дали јахтата е на Заев и чини 850 илјади евра и со кои пари е купена?

Дали можеби со пари од државни тендери?Но, тие збор не кажуваат. Молкот може да значи потврда на поставените дилеми, но СДС и Филипче им должат одговори на македонската јавност, особено откако за време на нивна власт народот го осиромашија, а државата ја донесоа на раб на банкрот.

СДС и Филипче се должни да одговорат, особено што со Заев го продолжуваат блискиот и партнерски бизнис однос, така што во Бугарија имаат фирми на иста адреса, а нивните браќа имаат заедничка фирма за производство на струја.

Дополнителна причина за што должат одговори е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија, каде комшија е Филипче, се поврзани со тендери во Македонија, а можеби со пари од овие тендери е купена и луксузната јахта.

Врските и бизнис зделките на Филипче со Заев се безбројни и затоа на македонската јавност им должат одговори.

Ако продолжат да молчат, СДС и Филипче само ќе потврдат дека се фатени инфлангратно во скандал и луксузни уживања со пари спечалени на сомнителен начин, а можеби и од државни тендери.

Можете да прочитате

Пронајден исчезнатиот струмичанец – 24info.mk

Нема ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа

ДКСК денеска преку „Зум“ ќе избира заменик претседател