Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, Ковачевски и Арсовска коалиција на тендери и бизнис зделки

Арсовска преку ревизија ќе бара одговорност за лошото менаџирање во ЈСП

СДС, Левица и ДУИ се власт во град Скопје, Ковачевски и Арсовска коалиција на тендери и бизнис зделки. Директорите на претпријатијата под Град Скопје се поставени од СДС, Левица и ДУИ. Директорските места се најголем доказ за коалицијата кои ги споделуваат заедно со ГРОМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е Зухјер Реџепи од ДУИ. Директор на ЈП „Улици и патишта“ е Саид Саид од ДУИ. Директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е Снежана Стојчевска од Левица. Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица. Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица. Заменик директор на „Градски паркинзи“ е Сенада Ибраимова од Левица. Директор на „Градски паркинзи“ е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ. Директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.

Токму Стојковски е директорот преку кого Арсовска и СДС туркаат големи зделки. Имено Стојковски лично го потпишал договорот за набавка на гориво од 27 милиони евра без рабат, кој е вообичаен за таквиот вид договори. Само заради тоа што во договорот од 27 милиони евра не е предвиден рабат, буџетот на ЈСП е оштетен за 1.5 милиони евра.

Со 1.5 милиони евра во целост може да се реши проблемот со приватните превозници, но Арсовска и СДС не сакаат да го поништат договорот и да распишат нов повик за да обезбедат рабат за претпријатието.

И директорот на ЈСП и Арсовска и СДС не работат за граѓаните, туку за свои интереси“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца