Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ зборуваат за Европа, а на клиниката на онкологија некој правел бизнис со лекови

Обвинителството бара докази за случајот со Клиника за онкологија

Со кој образ владата на ДУИ и СДС води кампања дека тие се Европа, а Македонија ја тресе скандал со клиниката за Онкологија и правењето бизнис со терапијата на грбот на пациентите. Овој скандал не е од вчера, овој скандал трае со месеци наназад, а можеби и две години. Злоупотребата на скапата терапија, која наместо кај пациентите завршувала на црниот пазар не можела да се случува без знаење на највисоките структури во клиниката и во владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму прашуваат зошто МВР и Обвинителство молчеле цело ова време и покрај реакциите од јавноста и зошто дозволувале некој да прави бизнис на сметка на животите на пациентите?

Половина да е точно она што го објавија медиумите дека пациентите биле лекувани со физиолошки раствор, а терапијата одела под рака во странство или била нудена пак на пациентите, е огромен скандал и е крајно нечовечки. За овој скандал со злоупотреба на терапијата на клиниката на Онкологија мора да има политичка одговорност за молчењето и бавната реакција, но и темелна истрага после која ќе следи кривична одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани: Па покажеме човечност

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ пред изборите создаде психоза, треба да се провери дали кампањата е финансирана од домашни или странски извори