Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија да чекаат термини за магнетна резонанца со месеци иако за тоа немало потреба

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги.

СДС системски го уништувала македонското здравство во изминатите 7 години според извештајот на ДЗР каде утврдиле недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца при што граѓаните чекале, иако немало потреба.

СДС и ДУИ до толку го урнисаа здравството што ги оставиле граѓаните да чекаат со месеци за магнетна резонанца, иако за тоа немало потреба.

Борјот на апарати за магнетна резонанца во периодот од 2017 година до 2022 година е дуплиран според извештајот на ДЗР, а бројот на прегледи не е зголемен и истите се неискористени. ДЗР нотира и еден апарат кој е донација а воопшто не бил ниту ставен во функција.

СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија.

Наместо брзи термини, на време и без чекање здравството под раководството на СДС и ДУИ направило хаос во системот со термини. Во системот со термини со години се внесувале помалку термини, како последица на дефект на апаратите и поради необучен кадар  а на огромна штета и агонија на пациентите кои не добивале услуга.

Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади.

Катастрофалното менаџирање на СДС и ДУИ во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина