Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра без образложение

D0b2d0bcd180d0be D0b4d0bfd0bcd0bdd0b5 D181d0b5 D188d182d0be D184d0b0d182d0b8 D181d0b4d181 D0b8d181d183d188d0b8 D0bcd0b0d0bad0b5d0b4 63cd8bda49bd5.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС.

Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ.

Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.  

Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.

Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш  станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.

Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив. 

Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет.

Оваа Македонија ќе ја смениме!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот