Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Само за една година пад на демократијата во Македонија од 20%- над 61%

ВМРО-ДПМНЕ: Само за една година пад на демократијата во Македонија од 20%- над 61%

Анкетата на „Евротинк“ ја разобличи целосната неспособност на власта. Започнувајќи од нивото на корупција во државниот систем, недовербата во институциите, како и мислењето на граѓаните дека државата не се движи во правична насока, катастрофално поразителни се и резултатите за демократијата во државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Иако главниот слоган на СДС изминатите избори беше враќање на демократијата, тие не што не направија нешто повеќе, туку и те како ја уназадија демократијата во Македонија. Дури 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат непочитувањето на човековите права, ускратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и закани спрема медиумите.

За само една година резултатите на прашањето „Дали во Македонија е демократска земја“ незадоволството и негативниот одговор се зголемил за 21%. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40% од граѓаните, 2022 година 61% од граѓаните.

Токму заради ваквите катастрофални политики на неспособната власт на СДС и ДУИ секојдневно се иселуваат илјадници граѓани. Зголеменото ниво на корупција и криминал, недовербата кон институциите, лошите економски политики, катастрофата во образованието, како и немањето демократија се вистинските индикатори дека ова е најнеспособната и најкриминалната власт во Македонија.

Колку подолго оваа власт е во удобните фотелји, толку повеќе ќе тоне државата. За излез од оваа состојба веднаш се потребни предвремени парламентарни избори“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски