Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ревизијата констатирала отсуство на процедури во случајот на Палчо, СДС да одговори до кај е екстрадицијата на Палчо, дали на повидок е нов скандал

1707051574 unnamed file.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство.

После 8 години министерување прашањето е зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви?

Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено?

На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?

Можете да прочитате

Повозрасен маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров

Само вчера регистрирани два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток