Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумското прашање е во духот на европските принципи – против асимилаторски билатерален договор

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумското прашање е во духот на европските принципи – против асимилаторски билатерален договор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Официјалната реакција на СДС треба да се проучува во теоријата како пример за “отсутна реакција“. Како соопштението да им беше однапред напишано и со теза за напад дека ја оспоруваме преговарачката рамка, а не договорот со Бугарија кои тие го потпишаа во 2017-та година.

dobivaj vesti na viber

Овој референдум не е антиевропски, туку напротив е целосно европски бидејќи се спротивставува на асимилаторските и негаторските постапки насочени против македонскиот идентитет, историја и јазик. Негирањето на историјата културата идентитетот и јазикот на еден народ е целосно спротивно на европските принципи и вредности.

До толку повеќе што референдумското прашање се однесува на еден билатерален договор меѓу две земји со кој се регулираат билатерални односи. Како може да се рече дека сме против ЕУ, кога сме против овој билатерален договор, што за жал другата страна го користи да се изгради кула со која се негира македонскиот идентитет и историја?

Коренот на проблемите е тој кој што треба да се решава, затоа што во него се наоѓа причината за уцените, пречките и диктатите кои го загрозуваат интегритетот на Македонија, засебноста на македонскиот културен и јазичен идентитет. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата.

Народот јасно покажува дека е против ваквата подредена положба во која е ставен поради непромисленоста на СДС и Ковачевски. Народот не беше прашан, туку напротив постојано беше игнориран.

Стравот на врхушката на СДС е јасен. Тие се одговорни за ваквиот штетен договор и во исто време се свесни дека и нивните поддржувачи како и огромен дел од народот се остро против последиците кои договор ги носи. Тоа ги плаши и затоа се нервозни“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен