Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Реалноста е дека само Европски фронт од ДУИ и СДС става крај на вистинската европска идеја

вмро

Европски ли беа парите со кои неговиот брат под супер поволни услови стана газда на деловен објект на улица „Македонија”?

Европски ли беа шамарите на бандите на ДУИ во контролата на летање?

Европски ли беше потегот со кој внукот на Ахмети кога не пука петарди, станува газда на деловната зграда „Соравија”?

Европски ли беше воодушевувањето на Груби и пиењето кафе со членови на подземјето, и лица обвинети за сериозни криминали?

Европски ли беше стекнувањето по багателна цена на хотелот на Шапка?

Европски ли е новиот закон за игри на среќа каде се штитат интереси на власта? Европски ли беа несреќите во Тетово и Ласкарци?

Знае ли Груби дека Дурмо турс уште превозува патници?

Европска ли е забавата на државна сметка во министерството на Груби прославувајќи го роденденот на Ахмети?

Кој од ДУИ е поголем Европеец, дали е тоа Рамиз Мерко што е на црна листа САД или  Исмет Гури кој го пуштија да избега од затвор?

Патем како е со огнометот на Дрин?

Дали тој испушти европски звук кога го пукаа?

Европски ли е замокот на Ахмети во Зајас, кој е по теркот на тој на Пабло Ескобар од Колумбија?

Го молиме Груби да одговори што од овие потези е европски чекор.

Можете да прочитате

40 години чекање за ништо, милиони евра фрлени за џабе – болницата во Кичево нема да се заврши, ќе се гради нова на друга локација

Приведена е претседателката на Антикорупциска комисија, Татјана Димитровска

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Зошто навреме не ги пресметавте платите за вработените?