Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Размена на знаења, искуства и стручна експертиза, меѓу клучните придобивките од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји.


Овој договор обезбедува рамка од пет милијарди фунти, или шест милијарди евра кои ќе предизвикаат сериозен инвестициски циклус што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст.

Освен реализацијата на крупни капитални проекти, кои ќе придонесат за раст на економијата, важен дел од договорот е и размената на најдобрите стручни експертизи и современи знаења по разни области.

Размената на знаење и најдобри практики меѓу нашите две земји ќе биде од централно значење за овој договор, црпејќи од експертизата во соодветните инфраструктурни области на двете земји.

Стратешкото партнерство вклучува соработка меѓу компании и влади, размена на искуства и знаење, техничка помош и експертиза од британски владини институции за поддршка на инфраструктурните проекти.

Со искористување на знаењата, експертизата, владините институции и иновациите на двете земји, ова партнерство ќе го поттикне развојот на инфраструктурата и на државата воопшто, што придонесува до развој и просперитет.

Ова значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси ќе работат во партнерство со македонската Влада и нивното знаење, експертиза и локален синџир на снабдување ги ставаат на располагање за реализација на инфраструктурните проекти низ Македонија.

Дел од договорот предвидува дека врвни професионалци, како на пример од областа на здравството, специјалисти од јавното здравство ќе соработуваат со нашата држава за изградбата на болниците и нивно опремување со најсовремени технологии.

Со споделување на најновите знаења, експертизи и иновации за испорака на отпорна инфраструктура се предвидува квалитетна и брза изградба на инфраструктурните проекти, со британска експертиза, според британски стандарди.

Овој пристап го става на располагање искуството, знаењето, експертизата и британските институции за техничка поддршка на Македонија и тоа ќе генерира големи придобивки за државата.

Примена на британската експертиза и знаење, стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, освен инфраструктурна трансформација, ќе обезбеди трансформација и развој во образованието, науката, технологијата, иновациите.

Можете да прочитате

Орце, Коце или Златко? ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште без одлука за главниот град

Ивановски: Новата пруга Скопје – Гевгелија ќе се гради по меѓународните ФИДИК правила

Познати кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за 25 општини на претстојните избори