Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата на УМС беше на отворено, а факли може да купи и физичко лице

Vmro.webp.webp

„СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека факлите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од трета категорија, што се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, што не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории“, пишува во партиското соопштение

Собирот на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ се одржа на отворено, при што се испочитувани сите параметри и предвидени законски норми. За настанот беа известени Министерството за внатрешни работи (МВР), Противпожарната бригада и Итната медицинска помош, чии екипи беа таму присутни. Ова е денешната реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) обвинија дека на вчерашната прослава на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ биле употребени пиротехнички средства, за кои посочија дека не само што се законски забранети и опасни, туку се и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани што ја зави државата во црно.


„СДС наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДС се фати за факлите. Иако и сама наведува дека според законот, член 31, што сами го наведуваат, забраната за употреба се однесува за во затворени простории, а собирот беше на отворено. Уште повеќе, СДС во шпекулациите се обидува да сокрие и дека факлите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од трета категорија, што се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Се продава на физички лица, што не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории“, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар 

Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на државниот буџет од над 94 милиони евра

Супорт Кочани контра Мицкоски: Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните