Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше

Image 2026 01 11 203924452.png

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски прогласи победа на кандидатот Онер Јакупоски во Општина Маврово и Ростуше на денешните повторени избори.

„Честитки за новоизбраниот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски.

Благодарност за претседателот на ОК, членовите на ОК, претседателите на месни комитети како и на пратеникот кој безрезервно се вложија за овој успех.

Ви посакувам успешен мандат, исполнет со мудри одлуки, одговорно лидерство и посветена работа во интерес на сите граѓани.

Верувам дека со визија и искрена посветеност ќе придонесете за развојот, напредокот и благосостојба на Маврово и Ростуше.“, напиша Сајкоски.


Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа