
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на маргините на Самитот на Европската заедница во Тирана се сретна со британскиот премиер Кир Страмер, по што во куса изјава за медиумите истакна дека „е постигната согласност за постогнување договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство“.
За сега нема повеќе детали што точно тоа ќе значи за нашата држава, но според информации од Британија на кусата средба се разговарало и за приклучување на Македонија кон заедничката работна група за миграција.
Тоа би значело Македонија во блиски иднина да биде „дом“ за лицата кои се одбиени за азил во Британија и кои треба да се вратат во својата татковина.
Токму со оваа тема, ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година ги плашеше македонските граѓани непосредно пред тогашните локални избори.
Тогашни пратеници, градоначалници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека еден милион африканци ќе дојдат во Македонија, дека веќе почнале да се градат кампови и згради за мигранти, а целата хистерија отиде до таму што во одредени општини се собираа и потписи за граѓани за да нема мигрантски кампови.
Додека англиските медиуми на големо јавуваат дека Македонија ќе биде една од земјите каде ќе се префрлаат одбиените азиланти од Британија, мислам дека е право време да се потсетиме на доследните ставови од ДПМНЕ на тема „мигранти“: pic.twitter.com/vIUYVTzzxx
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) May 16, 2025
Сега, таквото плашење на јавноста може многу лесно да стане реалност во блиска иднина, ако Мицкоски прифати Македонија да стане дел од работната група за миграција и по примерот на Албанија која прифаќа мигранти од Италија, нашата држава да прифати мигранти кои се протерани од Велика Британија.