Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Славјанка Петровска: „Се вработуваат војници преку партиски штаб“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од министерката за одбрана, Славјанка Петровска откако на официјалната фејсбук страна на СДСМ Арачиново осамна објава сите кои се пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армиајта да отидат во партиското седиште на СДСМ Арачиново.

dobivaj vesti na viber

„Почитувани сонародници, ги повикуваме сите кои се пријавиле на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Северна Македонија, кандидати да се јават кај Раководителот на огранокот Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот на СДСМ Арачиново“, стои во соопштението

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција вечерва оцени дека ова е дебакл и срам за Армијата, но и срам за НАТО.

„Ја повикуваме Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Петровска ја посрамоти и АРМ и НАТО. Но, ова е и работа која не може да помине без знаење на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ. Тие се директно одговорни, бидејќи партиските претседатели одговараат директно пред нив. Дезертерот Ковачевски, калфата Зечевиќ и Славјанка Петровска директно го загрозуваат НАТО, колективната безбедност и кредибилитетот на Алијансата. Ова е срам за Владата, срам за АРМ. Потребни се оставки веднаш“, рече Стоилковски.

Тој обвини дека владејачката партија ги користи партиските ограноци како центри за вработување и центри за регрутација на војска, а вработување добиваат само партиски подобните, не квалитетните, туку тие кои ќе добијат дозвола од партискиот претседател и локалното раководство на партијата.

Ова е доказ, рече Стоилковски,  дека институциите се заробени и дека не постои мерит систем, туку партократија.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег