Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа година функционерите на СДС и ДУИ беа фрлени на лично богатење

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа година функционерите на СДС и ДУИ беа фрлени на лично богатење

Таче и Али имаат година со 365 скандали. Изминатата година беше година на осиромашување на граѓаните, колапс на економијата, енергетиката, образованието, здравството, земјоделството од една страна и богатење на функционерска елита на власт. Еден од поголемите скандали во оваа година е аферата Тајни имоти, која обелодени дека 123 државни функционери, директори и раководители на институции и комисии не пријавиле имот вреден 30 милиони евра, иако тоа им е законска обврска. Тие поседуваат куќи, станови, викендици, автомобили и деловни простории кои ги криеле од јавноста и не ги пријавиле во Антикорупцискаа комисија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека како еден од најеклатантните примери за ваков случај на непријавен имот е хациендата со базен, кој патем е и дивоградба, на министерката за одбрана Славјанка Петровска. За овој случај покажавме и евидентен лист од Агенцијата за катастар и сметка за вода на нејзино име и ја повикавме Петровска да демантира со прикажување на евентуален купопродажен договор ако го отуѓила имотот.

Ни Славјанка стана да одговори, ни Таче и побара одговорност. Сите капацитети им беа насочени во личното богатење, матни зделки или вдомување на свои роднини во државните институции. Ете затоа во здравството нема лекови за пациентите, па мора да набавуваат од Косово или Србија. Ете затоа секој втор млад човек сака да замине во странство. Народот не сака веќе ваква криминогена власт да ги понижува. Не сака да слуша примитивци како Талат Џафери како пцујат и навредуваат.

Оваа власт на Ковачевски и Ахмети е антинародна, и колку побрзо се одржат избори, толку побрзо ќе си замине, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт