Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес

Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес кој имаше за цел притисок врз опозицијата и обезбедување гласови за уставни измени, ќе има правда и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ по пресудата. во корист на Елена Доцевска-Божиновска.

dobivaj vesti na viber

„Криминалното СЈО кое доживеа коруптивно фијаско и случајот 27 април се пример како опстојува владата на ДУИ/СДСМ, злоупотреби, притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ.

Стотици семејства и илјадници граѓани беа и се уште се жртви на најмрачниот притисок и брутална хајка преку октроираните судии и обвинители за да СДСМ и ДУИ обезбедат уште некоја година власт. Сите тие кои учествуваа во таа хајка, како и оние слуги обвинители и судии кои беа дел од овие политички процеси по промената на власта ќе се соочат со одговорност.

27 април е случај каде Кацарска докажувајќи се во суровоста доби унапредување во Уставниот суд но и етикета Кацарска судство како синоним за корумпираното судство и неправда под владата на СДСМ и ДУИ.

211 години затвор за 27 април, а Ден Дончев на слобода. 211 години затвор за 27 април а Рашкоски шета слободно. Лидерството на СДСМ ужива во својата бизнис империја, Спасовски и понатаму го штити криминалот и нема одговорност за ниту еден од власта.

И тие луѓе кои се осудени за тероризам на судењето, ќе кажат – бараме правда, да бидеме судени за тоа што сме го сториле, а не за тоа што политички не гонат…

ВМРО-ДПМНЕ е за исправање на неправдата и правда за сите. И правда ќе има веднаш по промена на власта“, се наведува во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!