Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да се произнесе за „Рекет 2“ и да се откријат сите вмешани

Vmro.jpeg

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Јавното обвинителство и обвинителот Љубомир Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери, иако, како што наведуваат, постојат индиции и сомнежи за сериозен криминал и корупција.

„Јавноста има право да знае што се случува со случајот ‘Рекет 2’ и зошто јавниот обвинител Коцевски сè уште го прикрива. Коцевски да не молчи за случајот ‘Рекет 2’, во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, а се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен,“ стои во соопштението.


Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се открие кој бил рекетиран, во кој временски период се случувале настаните, кои се причините и за колкава сума тројцата поранешни обвинители сакале да извршат рекет, како и дали бил вмешан познат скопски адвокат.

„Како функционирала шемата на рекетот? Дали се вмешани и поранешни функционери од СДС и од ДУИ? ЈО и Коцевски мора да го расчистат случајот. Правда и одговорност мора да има,“ додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал

ЦУК: Активни се четири пожари, сè уште гори и на „Дрисла”