Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Нови дојави за бомби, страв и тензии, Спасовски наместо за безбедноста на граѓаните се грижи за партиските митинзи

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да не го заташкува случајот со дивеењето на синот на неговиот заменик

Повторно дојави за бомби, повторно евакуации на училишта, повторно тензии, а Оливер Спасовски продолжува со неспособноста и не може да се справи со оваа безбедносна закана,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека капацитетите на МВР ги ангажира само кога се работи за обезбедување на партиски настани на СДС, а не и за граѓаните. Да потсетиме дека полицијата го чуваше 24 часа објектот кај што требаше да се одржи трибината на СДС, а во исто време граѓаните се во постојана тензија и страв од дојави за бомби во трговски центри, станбени објекти, хотели, институции и други јавни места веќе со месеци. Дури и странските амбасади веќе ги предупредуваат нивните граѓани кои патуваат во Македонија. Сите се загрижени за безбедноста, само Спасовски и Ковачевски мува не ги лази.

Останува нејасно зошто неспособниот Спасовски до сега не побарал помош од меѓународни и домашни експерти за решавање на овој проблем? Зошто дури сега после три месеци од континуирани закани и тензии се координираат безбедносните служби? Зошто не се искористени капацитетите на нашите пријателски и партнерски земји кога веќе власта тврди дека сме под хибридни напади? Дали власта на Ковачевски намерно дозволува да се шири страв и тензии во јавноста толку долго или пак толку знаат да се справат со ситуацијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт