Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Нова инвестиција вредна 1 милијарда евра, „Казанџи Груп“ ќе ја зголеми стабилноста и независноста на енергетскиот сектор

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Инвестициите во енергетиката се клучниот двигател за економскиот и општествениот развој на државата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во енергетиката, во домашното производство на енергија и во современа и одржлива енергетска инфраструктура.


Со цел Македонија да стане енергетска раскрсница на Балканот секојдневно се работи на нови инвестиции во енергетиката. Се потпиша моморандумот со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката. „Казанџи Холдинг“, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.

Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

Проектот опфаќа три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

Овој проект ќе даде допринос во сигурноста и безбедноста на електродистрибутивниот систем и ќе ја зајакне енергетската стабилност на државата. Со овие инвестиции ја намалуваме зависноста од увоз и влијанието на надворешните фактори. Дополнително со реализација на вакви проекти се отвораат нови работни места и нови можности за соработка на компаниите.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на привлекување на нови странски инвестиции со цел Македонија да стане стратешки енергетски центар на Балканот.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија.

Можете да прочитате

Просечната нето-плата во мај изнесува 45.796 денари

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, нивниот Васко Ковачевски ја испокраде државата во случајот Адитив и избега

УЈП со засилени контроли на таксистите