Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа

Vmro dpmne sediste5.jpg

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на најавите за зголемување на цената на електричната енергија, посочувајќи дека тврдењата на СДС за поскапување од 5 проценти не се точни.

Според партијата, официјалните податоци покажале дека зголемувањето изнесува 2,28 проценти, што, како што наведуваат, претставува најниско поскапување на електричната енергија во Европа. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Владата донела одлука за субвенционирање на електричната енергија со цел директна заштита на животниот стандард на граѓаните.

Во соопштението се наведува дека со ваквите мерки се спречиле, како што велат, црните сценарија кои биле пласирани во јавноста од страна на опозициската СДС. Од партијата додаваат дека СДС и Венко Филипче треба јавно да им се извинат на граѓаните поради, како што оценуваат, ширење невистини и дезинформации.

Можете да прочитате

ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: 19-годишно момче пронајдено мртво во стан, колегите од „Кромберг и Шуберт“ се простуваат

Меџити: Зајакнувањето на економската соработка со САД е важно за развојот на земјата

Прегазен редок балкански рис на Буково