Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз и признание дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во Македонија“ соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата со став дека „ова е само уште една јавна потврда дека токму функционерите од власта се најголемиот извор на криминалот и корупцијата во државата. Токму за тоа, креаторите на криминалот и корупцијата во Македонија да се справуваат со криминалот и корупцијата“.

„Десетиците случаи за корупција кои нема никаква разрешница, секојдневниот криминал, убиства и престрелките во Скопје, македонски пасоши за белосветски криминалци и нарко босови се само дел од листата на оваа власт, која над 5 години има апсолутна власт во државата. Спасовски и МВР се сојузници и заштитници на криминалот во Македонија и за тоа се потребни оставки од Оливер Спасовски но и од цела криминална власт на СДС и ДУИ“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Српски државјнанин физички ја нападнал својата сопруга во Охрид

Мајка на жртва од „Пулс“ му закачи беџ со скршено срце на Мицкоски во Кочани

„Каде е мојата сопруга?“ – Дејан Јанков започна штрајк со глад по исчезнувањето на Злата