Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашиот став е јасен, целосна интеграција на Македонија во ЕУ со сочувано достоинство и на државата и на народот 

1707051574 unnamed file.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Ако ќорсокакот во којшто СДСМ и ДУИ ја донесоа Македонија, а за што и Филипче лично има огромна улога, го нарекува европски пат… тогаш оправдани му се сомневањата.

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ја носи Македонија во ќорсокак. Нашиот пат е јасен, а тоа е целосна интеграција во ЕУ со сочувано достоинство и на државата и на народот и особено борба со корумпираните политичари заради чии интереси сме овде каде што сме.

Ако патот на Филипче значи живи луѓе да горат во болница, а него мува да не го лази, или пак тендери во здравство да добиваат фирми за јужно овошје, или пак да се склучуваат договори за најскапа стерилизација во светот, тогаш Филипче треба да е сигурен дека тоа не е патот кој го следи оваа влада.

Патот на оваа влада е да ја врати државата на народот, да имаме напредок кон ЕУ со реформи и зачувано достоинство.

Можете да прочитате

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете