Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Народот треба да знае дали дезертерот Ковачевски е неспособен за војска, а способен за богатење во време на криза

(Видео) Ковачевски во ОН: Немаме друга алтернатива за подобар животен стандард од членство во ЕУ

Народот вели кој лаже тој и краде. Дезертерот Ковачевски треба да и објасни на јавноста кога ја лажеше, дали кога велеше дека не го отслужил воениот рок поради школувањето, или кога велеше дека имал хируршки интервенции. Единствено кое може со сигурност да се потврди е дека Ковачевски има тапија за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ со која одбегнал да и служи на Македонија. Токму затоа треба надлежниот суд да ја провери и утврди неговата деловна способност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека можеби деловната неспособност е причина за тоталната неспособност на власта. Една лоша одлука или еден погрешен потпис на документ, еден тендер, може да е причина за економска и енергетска катастрофа.

Дезертерот Ковачевски не треба да бега од одговори како за овој скандал, така и за аферата Броило. Народот треба да знае дали има премиер кој е неспособен за служење војска, ама способен за тендери и креирање на картели за богаење во време на криза, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!