Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно нема да има свои кандидати за градоначалници во Западна Македонија

Mickoski 2.jpg

Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се уште траат анализите во кои општини неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе нема свој кандидат за градоначалник туку ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партнери

-Очекувам дека некаде по годишните одмори би имале и официјално соопштение до јавноста. Очекувам Владата помеѓу 5-ти и 15-ти август, тие денови, да биде на годишен одмор. Анализите во тој период ќе траат, разговорите ќе траат. Втората половина на август месец и тоа да се официјализира. Во меѓувреме разговорите ги завршивме со нашата внатрешна коалиција, со потенцијалните политички партии и идни наши коалициони партнери. Сега ја правиме таа анализа, очекувам до првата половина на август да се затвори и таа тема, истакна Мицкоски.


Додаде дека по ваквите анализи ќе можат да излезат со поддршка за градоначалници, бидејќи како што рече, јасно е дека владините партнери ќе имаат свои советнички листи

-Логично е во сите општини да се поддржуваме едни со други. Мислам дека тоа ќе биде позитивен процес кој ќе заврши во втората половина на август, истакна Мицкоски

Можете да прочитате

Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а луксуз за власта

Нормализиран за сообраќај патот А3 Делчево – граничен премин Делчево

Меџити: Бујар Османи живее во дивоградба