Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС им е смешно дека ги зголемуваме цените на грозјето, тие ни субвенции не исплаќаа

Vmro Dpmne 1.jpg

Методологијата не беше донесена од страна на СДС, Владата и ресорното министерство ја донесоа веднаш по доаѓањето на власта и превземањето на раководството на МЗШВ. Благодарение на методологијата, се распиша јавен повик и минатата и оваа година на која конкурираше земјоделски институт и ја пресмета производствената цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На СДС им е смешно кога работиме за земјоделците и зголемуваме цени на субвенции и откуп. Кога СДС беше на власт, немаше субвенции за земјоделците, продуктите завршуваа на буниште, а земјоделците се откажуваа од работата и нивите зјаеја празни. Сега имаме рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21,3 денари, Смедеревка 18,9 денари по килограм. Ова се должи благодарение на максималните напори во водостапнството. Оваа година очекуваме зголемено производство, над 100 милиони килограми, велат од владејачката партија.


Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Земјоделците се приоритет и тоа го докажуваме“.

Можете да прочитате

Денес со 2,32 промили алкохол предизвика сообраќајка во Скопје – две лица повредени

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла

Кривична пријава за охриѓанец кој управувал возило и покрај забрана, автомобилот одземен