Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба долгорочна стратегија за раст и развој, СДС да се вразумат и партиски да се надминат

Vmro 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преточена во владино раководство на чело со претседателот Христијан Мицкоски, покажува вистинско лидерство и визија во водењето на Македонија.

Македонија има насушна потреба од нова визија, стратегија, долгорочен план за вистински развој во чие креирање ќе бидат вклучени најголемите македонски умови.

Токму тоа е и целта на последниот проект кој што го понуди претседателот Мицкоски повикувајќи на општо обединување.

Повикот за обединување и креирање на стратегија за државата 2025 е конкретен проект, кој на едно место ќе ги собере македонските академци и интелектуалци. Идејата и визијата на претседателот Мицкоски е покрај општо народно обединубање, членовите на МАНУ и универзитетската заедница, сите професионалци во својата област да ги опфати приоритетите за развој на државата, демографските предизвици, економските цели како и начинот на нивно остварување.

Покрај тоа, стратегијата треба да го опфати и земјоделскиот и технолошки развој, енергетскиот и транспортен развој, подобрувањето на животната средина, образованието, како и да овозможи здравство во тек со светските достигнувања.

Токму ова е потребно за државата за да го фати текот со новото време, каде што научните, технолошките и економски процеси забрзано се развиваат.

И за сето ова да се испланира, спроведе и реализира потребно е внатрешно обединување. Заради тоа, ги повикуваме СДС да се надминат себеси и барем еднаш во нивното партиско делување, државните интереси да ги стават над партиските.

СДС треба да престане од ракав само се и сешто да одбива, туку за се што е во интерес на државата, како што е случајот со стратегијата за државата 2025, да ја поддржи. Тоа им го должиме, како генерација на одговорни политичари, на генерациите што следат после нас.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер