Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ На Филипче во тетовската болница живи му изгореа 14 луѓе, од корона скоро 10.000

Vmro.webp.webp

Соопшштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи.


Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче.

СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче.

Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, од лековите за Онкологија кои ги продаваа на црниот пазар а на пациентите им даваа физиолошки раствор, од вакцините за корона вирусот и така натаму.

За време на министерувањето на Филипче со здравство, Македонија беше на врвот на европските и светски листи по смртност. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.

Филипче е министер на кого во државна болница, под негова надлежност, во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, а одговорност за тоа како и за сите останати трагични настани, немаше.

Наместо да одговара за сите погоре споменати случаеви, Филипче сега се устоличи во претседател на СДС и продава приказни за морал, играјќи на картата на кратка меморија.

Граѓаните паметат и многу добро знаат кој е најодговорен за состојбите во здравството.

Можете да прочитате

Ласовска: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува интерпелацијата на Илире Даути од ДУИ бидејќи не го почитува Деловникот

Левица нема да ги поддржи интерпелациите за Тошковски, Меџити, Стоилковиќ и Исени

Атина првпат домаќин на Европските филмски награди во 2027 година