Според опозициската партија, секој ден имаме нови дојави за бомби, во институциите, училиштата и јавните објекти, секој ден народот живее во страв и несигурност, а посебно учениците, каде имаме слика на исплашени деца и вознемирени родители.
МВР и Ковачевски, како што оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ се беспомошни и неспособни, да обезбедат елементарна сигурност во Македонија.
„4 месеци дозволуваат некој да си игра со судбината на децата, а за ова политичка одговорност мора да има. Иако на народот одамна веќе му е јасно, време е Оливер Спасовски и Ковачевски, да си признаат на себе, дека не се кадарни да ја гарантираат сигурноста на граѓаните и да си поднесат оставки“, додаваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.