Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Молк од Филипче и по неколку дена од објавување на информациите дека криел имот

1707051574 Unnamed File.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи.

Филипче молчи 48 часа по објавување на фактите.

Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер.

Филпче, односно неговите анкетни листа од 2018 година и 2024 година, кажуваат едноставна работа. Имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер.

Дополнително, имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а нема ниту информации за приходи од продажба.

Поточно, недвижниот имот на Филипче пријавен во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Недвижниот имот пријавен во 2024 година, а стекнат пред 2018 година тежи над 700.000 евра. Ако се собере целиот имот на Филипче чини околу 1.3 милиони евра.

Ова отвора многу дилеми и прашања.

Зошто Филипче не пријавувал имот кој го поседувал како министер, зошто истиот го пријавува како пратеник, што се крие Филипче?

Надежните институции не смеат да молчат. Филипче беше министер, сега е претседател на СДС.

Антикорупциската комисија и јавното обвинителство треба час поскоро да реагираат и да ги испитаат информациите.

Можете да прочитате

Граѓани чистеле црква во гостиварско Галате, по пријава од Општина Врапчиште дошла полиција

24 годишник од Македонија уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија

Немил настан утрово во Кавадарци: Ќерка ја нападнала мајка си со тврд предмет