Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: МНР се претвори во министерство за ухлебување на блиски на функционери

Димитар Љоровски именуван за нов член на Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија

Бујар Османи, Ковачевски и антимакедонската СДС го партизираа МНР и затоа македонската дипломатија е на ова дереџе. Бујар Османи во стилот ем шуто, ем боде, уште ја лаже јавноста и кажува дека нововработенaта сопруга на пратеникот од СДС Мартин Костовски е неопходен кадар која имала соодветни квалификации, како да се работи за капацитети рамни на чудо, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата прашуваат во што се состои неопходноста сопругата на пратеникот Мартин Костовски, веројатно од општинска администрација, да се презема во министерство за надворешни работи?

Кој капацитет и квалификации имаат ваквите кадри, за да имаат предност пред илјадници други млади и способни луѓе кои учеле, инвестирале во себе и се надградувале, но сепак ја немаат среќата да се вработат во МНР. Зошто не бил распишан оглас, па на тој оглас да се пријават и други, веројатно далеку поспособни кадри?

Министерството за надворешни работи стана министерство за ухлебување блиски на функционери на власта. Додека илјадници млади не може да најдат перспектива во Македонија, додека половина милион луѓе живеат во сиромаштија, дури десетици илјади немаат земено плата на време, власта си прави кадровски рокади и ухлебување на сопруги, сопрузи, тетки, стрини, фризерки и други ним блиски лица. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба и трговија со влијание и за ова мора да има одговорност, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

„Невоспитано и срамно бламирање на јавна сцена од страна на уценетата Данела“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ

Клековски: Онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем

Клековски: Онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем