Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лошите економски политики на Владата на СДС и ДУИ ја доведоа Македонија на раб на банкрот

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Лошите економски политики на Владата на СДС и ДУИ, ја доведоа Македонија на раб на банкрот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение за економијата.


Власта на СДС и ДУИ ја завршија 2023 година со инфлација од 9,4%, додека за само 6 месеци власт, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја намали инфлацијата од 3,5%, а за 2025 година се очекува инфлацијата да биде 2,5%.

Власта на СДС и ДУИ размислуваа само за тендери, корупција и криминал во нивниот мандат. Тие немаат право да зборуваат за економијата, бидејќи не беа способни ниту плати да испорачаат во повеќе државни институции.

Тоа се докажа и со последната одлука на САД, каде што премиерот во сенка на Владата на СДС и ДУИ, Артан Груби беше ставен на црната листа за значителна корупција.

Но, затоа, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение. Се зголемуваат платите во повеќе сектори, се намалуваат цените преку економските кошнички што ги прави Владата, раст на БДП од 3%, се намалува инфлацијата, се носат странски директни инвестиции во вредност од скоро милијарда евра, се отвораат нови работни места и не се покачуваат платите на функционерите.

Нема веќе „како до сега”. Веќе 6 месеци се работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните и секако дека уште повеќе ќе се залагаме за олеснување на животот на граѓаните.

Можете да прочитате

Советник на Мицкоски ќе стане уставен судија

Се воведува истражувачко новинарство во наставата по Граѓанско образование за осмо и деветто одделение

Опожарени три возила во гаража во Батинци, при гаснењето повредено едно лице