Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно и срамно е Филипче да глуми загрижен од песочните плажи за трагедијата во Кочани, а Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС

Vmro.webp.webp

СДС да не прави политички маркетинг од трагедијата во Кочани. Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС, се наведува во реакцијата на соопштение на СДСМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани.


Лицемерни и срамни се фејзбук статусите на Филипче да глуми загрижен и пишува статуси за трагедијата во Кочани додека одмара на песочните плажи со парите на народот.

СДС да не прави политизација на трагедијата во Кочани, и да не се обидува да печали политички поени врз туѓата несреќа.

Предлог-закон на СДС е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права. Тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека, предлог законот на СДС за Кочани експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии. СДС да не обидува да ја злоупотреби болката на тие семејства за дневно-политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политизација и злоупотреба на трагедијата во Кочани преку лошо напишани закони, неусогласени и политички мотивирани закони, потенцираат во реакција на СДСМ.

Можете да прочитате

Австриската министерка за надворешни работи доаѓа во Скопје

Крешник Бектеши оди во куќен притвор

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади