„Ковачевски нека не ја отвора Пандорината кутија туркајќи бугарска агенда да се крие позади иницијативата за внес на други народи во Уставот. Не му е ниту до Хрватите и Евреите туку до ветувањето дадено на Бугарија за внес на Бугарите во Уставот“ соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога веќе збори за промени на Уставот тогаш ајде да ги отвориме и останатите аспекти и прашања. Дали на Македонија и треба граѓански Устав, дали ќе го избришеме деградирачкиот Бандитеров принцип кој наместо заштита создаде систем на протекции и неквалитет, дали е потребно да се редефинира улогата и ингеренциите на претседателот на државата?“ прашуваат од опозициската партија.
Излегоа со понуда за премиерот:
„Ако Ковачевски смета дека има мнозинство во Парламентот за уставни измени тогаш нека ги поднесе. Доколку нема треба да си поднесе оставка и да оди Македонија на нови избори“.