Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски краде преку албанска фирма на грбот на граѓаните и поскапата струја

Ковачевски на меѓународниот саем „Винска Визија на Отворен Балкан“ во Белград

Додека народот плаќа скапа струја, компаниите добиваат сметки дури до 4 пати поскапи од лани, владата на СДС продава струја од АД ЕЛЕМ двојно пониско од берзанската цена на трговци кои потоа ја препродаваат по берзанска цена, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Во период од 30 август до 6 септември АД ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја во вкупна количина од 2000 MW/h. Истрата струја по цена од 337 евра од MW/h ја купува ЕТМТ Енерџи, сопственост на ЕНЕРТЕЈД Албанија за потоа да ја продаден на албанска државна енергетска компанија по цена од 525,55 евра за MW/h.

На ваков начин трговецот на струја ЕТМТ Енерџи, сопственост на ЕНЕРТЕЈД Албанија на Артур Мицкај, човек од партијата на Еди Рама, заработил дури 10.800.000 денари за само 6 дена. Оваа струја наместо да ја даде на стопанството, ја продава на трговци кои потоа ја препродаваат за дебели маржи.

Ковачевски и антимакедонската СДС го уништија енергетскиот сектор. Ковачевски и антимакедонската власт ги осиромашува граѓаните, за да можат поединци да профитираат на грбот на македонските граѓани.

Доколку Ковачевски и власта сакаат државата и граѓаните да излезат од оваа криза во која ги вовлече антимакедонската СДС тогаш веднаш да распише предвремени парламентарни избори на кои наместо неспособноста и штетните политики, ќе победе работата и решавање на проблемите на граѓаните“ велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Форум за земјоделска политика 2025, денес и утре во Охрид

Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата

Димитриеска Кочоска за британскиот заем: Нема да има дополнително зголемување на капиталните расходи