Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ се плашат од избори, бегаат зошто го штитат криминалот и тендерите

СДСМ: Општествено обединување околу европскиот пат е врв на патриотизмот

Ковачевски и Зечевиќ се плашат од избори, бегаат зошто го штитат криминалот и тендерите, но не демантираат дека пратениците им бараат избори, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Ковачевски и Зечевиќ бегаат од избори, така ги штитат тендерите и броилата за профити, се повеќе пратеници од СДС се свесни дека изборите се решение. Ковачевски и Зечевиќ знаат дека во СДС повеќе се за избори, зошто не гледаат излез во нивните политики кои ја донесоа Македонија во ќорсокак.

СДС не демантираше дека пратениците бараат избори, зошто нема што да се демантира се е вистина. Ковачевски и Зечевиќ се осамени, тие си ги штитат своите кариери, зошто знаат дека народот нема да ги избере на избори, а потоа ќе треба и да одговараат.

Ковачевски бега од избори и за да може неговиот кум и фирмите од неговото потесно семејство уште некој месец да се шират низ Македонија. Ковачевски и Зечевиќ од себични, лични и профитерски причини бегаат од избори. Македонија е заложник на нивните кариери и на нивните газди од Зајас и Струмица“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт