Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски не ги обелоденуваат финансиерите на бугарските клубови, а со тоа директно работат за нив

Пендаровски и Ковачевски изразија сочувство за експлозијата во Истанбул

Ковачевски и Пендаровски бидејќи не ги обелоденуваат агентурните мрежи и финансиери на бугарските клубови тие директно работат за нив. Пендаровски не може да премолчи изјава која ја даде по Совет за безбедност. Тој излезе и како заклучок кажа дека агентурни мрежи стојат зад говорот на омраз и за антимакедонското расположение кое се креира. Пендаровски да каже кој ги мотивира и создава негациите кон Македонија, јазикот, историјата и нацијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека Пендаровски и Ковачевски имаат обврска да ги заштити граѓаните и во најкраток временски рок да информираат за се што знаат, а е на штета на државата во однос на односите со Бугарија.

Истовремено со месеци институциите не преземаат активности за говорот на омраза и дозволуваат негации на нацијата и историјата. Власта преку финансиските институции треба да го утврди и потеклото на парите од кои се финансирани бугарските клубови.

Ковачевски и Пендаровски да не глумат коментатори и да преземат активности кои со закон се должни, а со цел да спречат негации на државата, нацијата и јазикот, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ бара одговорност од Тошковски, независна истрага и конкретни чекори-да нема нови фемициди

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, овојпат за светлата во Црн Дрим

Покренати постапки за дел од трговците заради цените на храната, ставале „нелогични“ маржи, вели Мицкоски