Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби прифатиле да платат пенали од 200 милиони евра ако не променат закони во корист на изведувачите на коридорите

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби се фалеа со странски надзор, а на крај промовираа договор со фабрика за гаќи

Ковачевски и Груби само за ова треба да одат во затвор, прифатиле обврска да платат пенали од 200 милиони евра ако не променат закони во полза на изведувачите на коридорите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Владејачкото мнозинство на Ковачевски далеку од очите на јавноста во кратка постапка се обидува да промени 9 закони со кои дава дополнителни повластувања на изведувачот на коридорите. Овие измени ќе значат посебни повластици за акцизи, даноци, давачки, можност за пренамена на земјоделско во градежно земјиште, промена на регулативата кога се работи за културно наследство и многу други примери. Сите овие експресни измени се без јавна расправа со експертите и на штета на граѓаните и државата“ соопштија од партијата.

Како што се додава во соопштението, Ковачевски и Груби брзаат за да ги покријат свои лоши политики и обврски кои ги презеле.

„Имено еден од законите кој Ковачевски и Груби брзаат да го изменат е законот за работни односи и да воведат 60 часовна работна недела. Притоа Ковачевски и Груби се обврзале дека доколку не го направат тоа ќе се исплаќаат огромни пенали кон изведувачот. Овие пенали се состојат од еднократна исплата на 53 милиони евра, плус 2,1 милион евра месечно во текот на изградбата и згора на се пролонгирање на рокот за изградба кој ќе надмине 5 години. Вкупниот износ на пеналите кои Ковачевски и Груби ги прифатиле е околу 200 милиони евра дополнителни средства за изградбата на коридорите само заради една неспроведена законска измена“ посочија од опозициската партија.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски