Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и антимакедонската СДС прават „неопходни“ партиски вработувања на блиски од нивната врхушка

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и антимакедонската СДС прават „неопходни“ партиски вработувања на блиски од нивната врхушка
Dik 300x250 mk

Според опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ, кога антимакедонската СДС се правда за неуспесите се повикува на кризата, ама очигледно нема криза кога се работи за „неопходните“ партиски вработувања со кои ги полни институциите.

dobivaj vesti na viber

„Последниот случај е сопругата на пратеникот на СДС од Куманово Мартин Костовски. Имено неговата сопруга Ивана Костовска е од неодамна е нововработена во МНР преку преземање. Колку повеќе Бујар Османи го полни министерството со неопходни партиски кадри, толку повеќе дипломатски порази бележиме како држава. Кој е квалитетот на Костовска исто како и претходно на Бесмира Ејупи, поради кој како неопходни кадри се вработувани во МНР? Дали толку нема други кадри во државата па токму сопругата на пратеникот на СДС Мартин Костовски е ухлебена во МНР?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Државата, оценуваат тие, тоне, народот осиромашува, а Ковачевски, Османи и целата влада предводена од антимакедонската СДС, како што велат, се занимаваат со ухлебувања на блиски на партиските функционери.

„Околу една четвртина од вработените немаа земено навреме јулска плата, ама тоа Ковачевски не го занима оти е зафатен со неопходни партиски вработувања блиски до врхушката“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа СДС, според нив, е антинародна и антимакедонска. „Нивната неспособност, неодговорност и криминализираност добива епски размери. Излезот е нивно што поскоро заминување од власт и одговорност за целокупната штета која ја направија“, се додава во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000, нашата борба можеби е тешка, но е праведна

Исчезнала среде бел ден во населено место, повеќе од една година не е позната судбината на Злата Јанкова: Потресна исповед на сопругот Дејан

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали