Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го проектира најгломазниот буџет, и дефицит кој е надвор од сите рамки на одржливост

(Видео) Ковачевски: Со судска пресуда е докажано, Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е криминален имот
Img 7972

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот Димитар Ковачевски го проектирал најгломазниот буџет, и дефицит кој, како што додаваат, е надвор од сите рамки на одржливост.

dobivaj vesti na viber

„ Предлог Буџетот од 5.3 милијарди евра е економски колапс за Македонија со вакви лоши економски показатели. Дополнително дефицитот кој е проектиран на скоро 5% од БДП е опасност за економијата и одржливоста на системот. И сето тоа во услови кога растот на економијата е само 2.9%.

Овој најголем до сега дефицит ќе треба да се покрива со нови задолжувања кои во услови на светска криза ќе бидат по се поголеми камати. Предлог Буџетот како што е преставен во јавноста повторно алудира дека власта ќе троши неконтролирано, без да се почитуваат принципите за фискална консолидација, што е можност за корупција и криминал.

Власта нема ниту план како да се справува со инфлацијата која е помеѓу најголемите во Европа. Се на се, без план, со една цел, трошење што повеќе пари на несуштински работи, кои не носат развој“ обвинуваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

Низа инциденти низ Скопје: напади, кражба и физички тепачки во еден ден

Скопјанец претепан од контролор на ЈСП