Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е најдобриот слуга на Ахмети и заштитник на целиот криминал на ДУИ

Додека економијата тоне, а граѓаните се се посиромашни, Ковачевски и Ахмети мислат само на криминалот и бизнис интересите на клептоманите од власта, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Димитар Ковачевски е најдобар слуга на Али Ахмети, а тоа јасно се гледа преку заштита на криминалот и корупцијата на функционерите на ДУИ. Нема ниту една постапка за ниту еден функционер на ДУИ, бидејќи Ковачевски ги штити како бели мечки заради спас на својата кaриера.

Испомош им се појавуваат и фолирантите од Левица, кои како на копче се појавуваат со нивните деструктивни дејствија за спасување на столчето на Ковачевски и Ахмети. Додека заложникот Ковачевски слугува на Ахмети, бизнисите на неговото семејство и блиски пријатели цветаат, а граѓаните се се посиромашни и не знаат како да го поминат месецот“ велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за излез од оваа катастрофална состојба во државата се предвремените парламентарни избори. Оттаму им порачуваат на Ковачевски и Ахмети да не се плашат и да излезат на избори за да го слушнат гласот на народот.

„ Нека ги послушаат и пратениците од нивната коалиција кои бараат избори, а ваквите изјави од страна на пратениците од коалицијата на власта тие не ги демантираа. Предвремените парламентарни избори и се потребни на Македонија, за да престане криминалот и корупцијата и да тргне државата напред“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето