Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја загрозува европската иднина на Македонија, го злоупотребува европското знаменце за туркање на закони

„Прашувате за платите на функционерите а не и за платите на директорите кои земаат три пати повеќе“, им рече Ковачевски на новинарите

Ковачевски ја загрозува европската иднина на Македонија, го злоупотребува европското знаменце за туркање на закони кои немаат врска со ЕУ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Амбасадорот Гир кажа дека употребата на европско знаменце за туркање на законските измени за потребите на договорот со Бехтел и Енка не е работа која има врска со европската интеграција. Ковачевски свесен дека го злоупотребува европското знаменце турка закони и кои се во спротивност со уставот, а за кои веќе Уставниот суд има донесено одлука, како што е 60 часовната работна недела.

Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, а со тоа директно и штети на Унијата и нејзиниот углед во Македонија. Ковачевски со неговите криминални политики влијае на падот на расположението кај граѓаните за членство во ЕУ. Ковачевски е кочничар на евроинтеграцијата на државата, а на истата гледа само низ призма на злоупотреба со цел остварување на лични агенди.

Ковачевски ниту е за ЕУ, ниту е за граѓаните, туку за себе и за криминалната клика околу него“ порачаа од опозициската партија.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата не сака да ги покачи платите на работниците – сака нов авион за Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работело под политички диктат на Заев, неговите адвокати интервенирале во предметот „Пуч“

МВР: Во Белград лишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега