Очигледно е дека Ковачевски и ЈО заедно ги штитат криминалите на Артан Груби, како инаку може да се објасни молкот на владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата обвини дека се штитат криминалите на Груби, поради опстанок на оваа влада, на грбот на народот.
„Додека народот не може да врзе крај со крај, семејната фирма на Груби купува луксузни дуќани во строгиот центар на Скопје, за смешни и багателни цени за метар квадратен. Груби има дозвола од Ковачевски да прави се што сака, само за гол опстанок на владата на Ковачевски.
Граѓаните сакаат што побрзо да си замине оваа криминална власт, а тоа го потврдуваат и сите анкети во Македонија. Џабе им е купувањето на време, за да приграбат што повеќе имот и пари, а за сите криминали ќе има разрешница во блиска иднина“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.